Главна страница

слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 164.046 статии на македонски јазик и 296 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмаркмакедонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 9 септември 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1499  Бродот Сан Габриел на чело Васко де Гама се вратил во пристаништето во Лисабон од првото патување до Индија по две години патување во обете насоки.
1776  Воведен е и официјалниот назив Соединети Американски Држави наместо Обединети Колонии кој дотогаш беше во употреба.
1850  Калифорнија е признаена како триесет и првата држава во САД.
1924  Се случува масакрот во Ханапепе, Хаваи
1943  Втора светска војна: Сили на алијансата слетуваат кај Салерно и Таранто, Италија.
1947  Првиот познат случај на информатичка бубачка: молец се населил во релеј од сметачот на универзитетот Харвард.
1956  Елвис Присли за првпат се појавува на емисијата на Ед Саливан.
1959  Нико Нестор станува првиот Македонец кој го препливува Ламанш.
1969  Легендата на македонското женско пливање Атина Бојаџи станува првата жена која го препливува Ламанш за време од 13 часа и 20 минути.
1991  Таџикистан добива независност од Советскиот Сојуз.
1994  Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена.

Родени:

1585  Арман Жан ди Плеси де Ришелје — француски државник и кардинал.
1737  Лујџи Галванииталијански физичар.
1828  Лав Толстојруски писател.
1887  Алф Ландон — американски политичар.
1890  Курт Левин — германски психолог.
1894  Артур Фред — американски глумец и филмски продуцент.
1900  Џејмс Хилтонанглиски писател.
1907  Благоје Марјановиќ — српски фудбалер.
1908  Чезаре Павезеиталијански писател.
1911  Џон Гортонавстралијански политичар.
1913  Ричард Никсон — претседател на САД.
1925  Клиф Робертсон — американски глумец.
1927  Елвин Џонс — американски џез-музичар.
1932  Силвија Мајлс — американска глумица.
1941  Отис Рединг — американски соул-музичар.
1941  Петер Бонети — англиски фудбалер.
1947  Благоја Чоревски — македонски глумец.
1949  Наде Проева — македонска историчарка и класицист.
1952  Дејв Стјуарт — англиски музичар, член на поп-групата Јуритмикс (Eurythmics).
1952  Мануел Гетшинг — германски музичар и композитор.
1959  Ерик Сера — француски композитор и музичар.
1960  Хју Грант — англиски глумец.
1963  Роберто Донадони — италијански фудбалер.
1967  Ана Мале — американска порно-ѕвезда.
1968  Џон Драмонд — американски атлетичар.
1972  Горан Вишниќхрватски глумец.
1980  Мишел Вилијамс — американска глумица.
1984  Никола Стојчевски — македонски ракометар.
1985  Лука Модриќ — хрватски фудбалер.
1987  Алекс Сонг — камерунски фудбалер.
1991  Оскар — бразилски фудбалер.
1991  Данило Переира — португалски фудбалер.
1998  Џордан Нвора — американско-нигериски кошаркар.

Починале:

1087  Вилијам Iкрал на Англија.
1569  Питер Бројгел Постариот — холандски ренесансен сликар .
1891  Џулс Греви — претседател на Франција.
1898  Стефан Маларме — француски поет.
1901  Анри де Тулуз-Лотрек — француски сликар.
1932  Стојан Заимов — бугарски револуционер.
1934  Васил Пасков — македонски револуционер
1942  Кочо Чолаковски — македонски партизан.
1976  Мао Це Тунг — водач на Кина.
1961  Васа Поморишац — српски сликар.
1978  Џек Варнер — канадски основач на филмско студио
1901  Жак Лакан — француски психоаналитичар и психијатар.
1983  Луис Монти — италијанско-аргентински фудбалер.
1984  Јилмаз Гинејтурски синеаст и писател.
1994  Патрик О’Нил — американски глумец.
2006  Жерард Брах — француски сценарист.
2010  Бент Ларсен — дански шаховски велемајстор.
2025  Поли Холидеј — американска глумица.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Две зеленокрили ари (Ara chloropterus) во Мато Гросо, Бразил.
Дали сте знаеле...


Јосиф Михајловиќ - Јурукоски
Јосиф Михајловиќ - Јурукоски


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 164.046 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич
Јазик