Главна страница

слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 164.084 статии на македонски јазик и 294 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмаркмакедонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 11 септември 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1683  Јован III Собјески од Полска пристигнал со своите војски пред Виена и помогнал во победата над турските војски кои ја држеле под двомесечна опсада.
1903  На планината Плавица, во близината на Кратово, здружените чети на војводите Славчо Ковачев и Атанас Бабата воделе еднодневна борба со турската војска.
1905  На битолскиот Ат-пазар бил јавно обесен војводата Александар Турунџиев.
1941  Претседателот на САД Франклин Рузвелт издал наредба до американското воено воздухопловство и до морнарицата да отворат оган врз сите бродови на силите на Оската кои ќе влезат во водите на западната полутопка. Тоа значело конечно американско раскинување со политиката на изолационизмот. САД отворено застанале на страната на Велика Британија и на СССР, иако стапиле во војна дури по јапонскиот напад врз Перл Харбор.
1943  На патот Кичево-Охрид, баталјонотМирче Ацев“ урнал три моста и исекол 130 столбови, а во селото Сливово ја запалил жандармериската станица.
1944  Сојузничките сили го зазеле Луксембург и се пробиле на германска територија.
1944  Струмичкиот партизански одред ја ослободил Струмица и околните села.
1944  Ресен бил ослободен од фашистичкиот окупатор.
1973  Со воениот удар во Чиле, предводен од Аугусто Пиноче, убиен е претседателот Салвадор Аљенде и воспоставена е антикомунистичка воена диктатура.
1996  Република Македонија и Бахреин воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1997  Република Македонија станала полноправна членка на Централно и источноевропската регионална иницијатива за управување со воздушниот простор (ЦИЕРВИ).
2001  Во САД биле извршени терористички напади во кои загинале 3.000 луѓе. Одговорноста за нападите ја презела организацијата Ал Каеда на Осама бин Ладен.
2003  Шведската министерка за надворешни работи Ана Линд починала откако претходниот ден била прободена со нож од Мијаило Мијаиловиќ, роден во Шведска со српско потекло.

Родени:

1524  Пјер Ронсар — француски писател.
1862  Вилијам Сидни Портер — американски писател.
1883  Григори Зиновјев — руски и советски револуционер и политичар.
1885  Дејвид Херберт Лоренс — англиски писател.
1913  Феликс Ѓержински („Железниот Феликс“) — полски комунист, основач на ЧК (подоцна КГБ).
1914  Павле — српски патријарх.
1919  Ота Шик — чешки економист и политичар.
1935  Герман Титов — советски космонаут.
1939  Сократ Лафазановски — македонски сликар и балетски уметник.
1945  Франц Бекенбауер — германски фудбалер, тренер и функционер.
1957  Пребен Елкјер — дански фудбалер.
1965  Моби — американски музичар.
1968  Љубинко Друловиќ — српски фудбалер и тренер.
1968  Славен Билиќ — хрватски фудбалер и тренер.
1978  Дејан Станковиќ — српски фудбалер.
1979  Ерик Абидал — француски фудбалер.
1979  Бујар Османи — македонски политичар.
1980  Кристоф ле Мевел — француски велосипедист.
1980  Александар Корнев — руски одбојкар.
1982  Ливе Вестра — холандски велосипедист.
1989  Енрике Санз — шпански велосипедист.
1989  Енди Руиз — мексикански боксер.
1992  Борут Мачковшек — словенечки ракометар.
1992  Марија Габриела де Фарија — венецуелска глумица и пејачка.

Починале:

1733  Франсоа Купрен — француски композитор.
1794  Свети Атанасиј Радовишки — македонски светец.
1823  Давид Рикардо — англиски економист.
1905  Александар Турунџев — македонски војвода.
1971  Никита Сергеевич Хрушчовсоветски политичар и државник.
1973  Салвадор Аљендепретседател на Чиле.
2003  Ана Линд — шведска министерка за надворешни работи.
2007  Џо Завинулавстриско-американски џез-музичар.
2009  Јоргос Папуљас — грчки министер за надворешни работи.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

’Ртот Бурхан и карпата Шаманка. Остров Олхон, Бајкалско Езеро, Русија.
Дали сте знаеле...


Јосиф Михајловиќ - Јурукоски
Јосиф Михајловиќ - Јурукоски


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 164.084 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич
Јазик